Светски предизвик: Читајте го Данте Алигиери

од Elena Daskalova

Министерството за култура на Италија по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери, што ќе се одбележи во 2021 година, им зададе на Италијанците несекојдневна задача за во карантин.

Секоја година на 25 март се слави Дантеди, а овојпат целиот свет може да се вклучи во предизвикот и да го чита и рецитира легендарниот поет, преку Фејсбук, Инстаграм или Твитер.

Италијанските власти ги повикуваат сите кои сакаат да се вклучат во предизвикот да се снимаат како читаат стихови на Данте на италијански или на мајчин јазик и јавно да споделат под хаштагот #Dantedi.

„Божествената комедија“ на Данте се смета за најзначајно дело од доцниот среден век, како и основа на модерниот литературен италијански јазик.

Слични содржини