СВР Тетово: 300 луѓе, меѓу кои и малолетници, приведени за 8 месеци поради дрога

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Во изминатите осум месеци од годинава, заклучно со денеска, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово лишени се од слобода вкупно 296 лица (ТЕ-248 и ГВ-48) кај кои биле пронајдени и одземени наркотични средства.

-Кај лишените лица годинава најчесто се пронајдени и одземени марихуана и кокаин, а поретко и хероин. Меѓу лишените евидентирани се и малолетници со 16 и 17 години, како и извесен број на лица кои го повторуваат делото. СВР Тетово интензивно е ангажиран на откривање и законско санкционирање на лицата инволвирани во продажба на наркотични средства во координација со други институции, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На најголемиот број од нив, набргу по лишувањето, изготвени им се поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик. Неколку од нив, пак, се соочиле од поднесоци за„ овозможување употреба на наркотични дроги“ согласно член 216 од Кривичниот законик.

Слични содржини