231
Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годината е потврдена мајмунска сипаница кај 1.600 луѓе, а сомнителни се уште 1.500 случаи во 39 земји, изјави директорот на таа организација Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој прецизираше дека меѓу тие земји има седум во кои со години е присутна мајмунска сипаница, а сега се погодени 32 земји, пренесува ТАСС.
Не се пријавени смртни случаи во земјите каде што неодамна се појавија мајмунски сипаници, сепак СЗО ги проверува извештаите од Бразил за смртни случаи поврзани со оваа болест.