СЗО: 90.000 починати во Европа, не го спуштајте „вашиот гард“

од Nikola Popovski
111 прегледи

Со повеќе од 90.000 мртви, Европа сè уште е „центарот на бурата“, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), додека неколку влади донесоа одлука или размислуваат за олеснување на забраните воведени за да се спречи ширењето на болеста.

И покрај „охрабрувачките знаци“, бројот на случаи во Европа речиси двојно се зголеми во последните десет дена, достигнувајќи скоро еден милион, според СЗО.

Организацијата на ООН затоа ги повикува европските лидери да не го „спуштаат гардот“ и да обезбедат епидемијата да биде под контрола пред да бидат укинати ограничувањата, пренесува Бета.

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја одложи голема воена парада што се одржува секој 9-ти мај, а Велика Британија, една од најзагрозените земји во Европа (13.729 мртви), ќе ги продолжи мерките за ограничување на движењето на граѓаните за уште најмалку три недели.

СЗО во вторникот истакна дека „светот се наоѓа пред пресврт“ и препорача сите влади да бидат многу претпазливи со постепените промени на воведените ограничувања за да се избегне вториот бран на инфекцијата.

Загрижени за драматичното влијание на ограничувањата врз економијата и повикувајќи се на бројот на опаѓање на новозаболени, неколку европски земји започнаа со работа на плановите за олеснување на ограничувањата. Швајцарија во четвртокот најави „бавно“ и „прогресивно“ ослободување на граѓаните од 27 април, додека Германија планира наскоро да отвори некои продавници, а од 4 мај основните и средни училишта.

Во средата, скоро половина од учениците во Данска се вратија на училиште. Австрија ги отвори малите продавници во вторникот, а некои продавници се отворени и бо Италија, втората најранлива земја во светот со 21.645 смртни случаи. Во Шпанија (19.130 смртни случаи), некои вработени веќе се вратиле на работа.