СЗО апелира да се донираат 84,5 милиони долари за Турција и Сирија

од Radmila Tasevska

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика меѓународната заедница итно да донира 84,5 милиони долари за итни здравствени потреби во Турција и Сирија по разорниот земјотрес.

„Светската здравствена организација упати итен апел за 84,5 милиони долари за здравствени потреби по земјотресите во Турција и Сирија“, се вели во соопштението на СЗО.

Како што се посочува, донацијата ќе биде наменета за лекови и други медицински материјали, како и за активирање на мрежата на тимови за итна медицинска помош, со цел да се обезбедат основни здравствени услуги и материјали, пренесува ТАСС.

Слични содржини