СЗО: Бројот на загинати во Турција и Сирија може да се зголеми за осум пати

од Nikola Popovski
160 прегледи

Бројот на загинатите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, во кои според последните податоци, загинаа повеќе од 3.500 луѓе, може да се зголеми за осум пати, предупреди Светската здравствена организација, јавува Би-би-си.

Првиот земјотрес, еден од најсилните досега регистрирани во Турција, беше со јачина од 7,8 степени и се случи во југоисточниот дел на земјата со епицентар во близина на градот Газиантеп. Земјата се тресела речиси две минути, а бројот на загинатите нагло се зголемил.

Втор силен земјотрес со јачина од 7,5 степени се случи 12 часа подоцна, во областа Елбистан, северно од епицентарот на првиот земјотрес.

Турската агенција за управување со вонредни состојби извести дека вториот земјотрес не бил последователен потрес, туку бил целосно независен од првиот, иако во погодените области се уште се чувствуваат последователни потреси.

Спасувачите ги пребаруваат планините од крш и остатоци на местото на урнати згради во услови на снег и мраз за да најдат преживеани.

Слични содржини