282
Експерти од Светската здравствена организација денеска препорачаа намалување на дозата на вакцината Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години, пренесува Ројтерс. Препорачаната доза за помладата популација е 10 микрограми, наместо 30 микрограми кои ги примаат децата на возраст од 12 до 17 години.
Препораката на СЗО дојде откако Стратешката советодавна група на експерти (SAGE) за имунизација одржа состанок денес за да ја процени вакцината.
Експертите, исто така, препорачаа бустер дозите да се примаат четири до шест месеци по првите две дози, кај здравствените работници и кај луѓето со зголемен ризик да заболат од Ковид-19 поради работата што ја работат.