СЗО: Досега потврдени 131 случај на мајмунски сипаници

од Vladimir Zorba

Досега се потврдени 131 случај на мајмунска сипаница, а има сомнеж за уште 106, откако првиот случај беше пријавен на 7 мај надвор од земјите каде што вообичаено се шири, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Иако појавата на овие мали сипаници е невообичаена, таа сè уште е под контрола, наведе СЗО и додаде дека ќе одржи повеќе состаноци за поддршка на земјите-членки со дополнителни совети како да се борат против жариштата, пренесе Ројтерс.

Првиот случај на мајмунска сипаница е потврден на 7 мај во Велика Британија кај патник, кој претходно престојувал во Нигерија, а првите симптоми, како осип, ги добил на 29 април.

Слични содржини