СЗО го зголеми надзорот во поплавените подрачја поради ризик од сериозни болести

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Во Украина е зајакнат санитарниот надзор по уривањето на браната, бидејќи предизвикувачот на колера е присутен во областа, иако досега не се откриени случаи на болеста, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Поради поплавување на голема површина по уривањето на браната Каховка на реката Дњепар на југот на Украина, „засилен е епидемиолошкиот надзор на болестите кои се пренесуваат преку вода“, изјави службеникот за итни операции на СЗО, Тереза ​​Закарија.

СЗО вели дека од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, во Украина не се откриени случаи на колера. Но, истакна Закарија, „примероците земени од околината покажуваат дека е присутен патогениот агенс, што значи дека постои ризик“.

„Добро соработуваме со украинското министерство за здравство за да се увериме дека има механизми за увоз на вакцини веднаш штом ќе бидат потребни“, рече таа.

Колерата е акутна цревна инфекција предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae, а симптомите се тешка дијареа поради која пациентот може да умре за неколку часа доколку не се лекува.

Слични содржини