СЗО: Повеќе од 817.000 новозаразени за 24 часа!

од Vladimir Zorba

Во изминативе 24 часа во светот се регистрирани повеќе од 817.000 пациенти со коронавирус, а починаа околу 13.400 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Повеќе од половина од новите случаи се откриени во Југоисточна Азија, вклучително и Индија (423.364). 205.327 случаи се потврдени во Северна и Јужна Америка, а 124.715 во Европа, пренесува ТАСС.

Најголем број случаи се уште е регистриран во САД, повеќе од 32 милиони, по што следи Индија со речиси 22 милиони заразени и Бразил, каде се потврдени 15 милиони случаи.

Слични содржини