СЗО предупредува дека допрва ни следи катастрофа: Пандемијата се влошува, јуни беше ужасен

од Aleksandar Petrovski

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60 отсто од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни, што покажува дека епидемијата се влошува, а не ослабува.

Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрехесус, рече дека се регистрираат до 160.000 случаи дневно и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

– Пронајдете, изолирајте и водете сметка за секој случај, следете ги и карантинирајте ги нивните контакти, обучувајте ги и опремувајте ги здравствените работници, едуцирајте ги и оспособете ги граѓаните за да можат да се заштитат себе си и другите – рече Тедрос.

Тедрос предупреди дека земјите што применуваат само дел од мерките имаат „долг пат“, пренесува „Гласот на Америка“.
– Не само тестирање. Не само физичка дистанца. Не само следење контакти. Не само да носат маски. Туку се одеднаш – рече тој и истакна дека една од работите што ги научил во изминатите шест месеци е дека никогаш не е доцна да се промени ситуацијата во една земја.

Директорот на СЗО напомена дека носењето маска понекогаш може да спаси живот.

Слични содржини