СЗО: Во изминатата недела 4,4 милиони случаи на ковид во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 4,4 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот минатата недела, со повеќе од 66.000 смртни случаи, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Од почетокот на пандемијата до 15 август, во светот беа регистрирани вкупно 206.714.291 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи од ковид-19 достигна 4.353.434.

СЗО додаде дека бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус за седум дена го надминал бројот од претходната недела за два проценти, пренесува агенцијата „Тасс“.

Од 9 до 15 август, вкупно 4.444.632 лица се заразени со коронавирусот во светот, додека 66.506 пациенти починаа од инфекција со ковид-19.

Во Европа, повеќе од 1,1 милион случаи на коронавирус и повеќе од 10.000 смртни случаи од ковид-19 се регистрирани во изминатата недела.

Слични содржини