СЗО: Зголемен бројот на луѓето со депресија

од desk3
98 прегледи

Депресијата се разликува по вообичаената промена на расположението, и краткорочни емоционални одговори на предизвиците во секојднвниот живот. Ако трае долго, депресијата, може да стане сериозен здравствен проблем, се наведува во извештајот на СЗО.

Причините за депресијата се бројни, губење на блиска личност, физичка болест, злоставување, а во модерниот свет невработеност, стравот за егзистенција, страв од губење на работата, сирмаштијата.

Во извештајот се наведува дека речиси 15 посто од заболените поради непрепознавање на симптомите, извршуваат суицид, а речиси 80 проценти не размислуваат за тоа. 

Од СЗО потсетуваат дека секоја година поради депресија самоубиство извршуваат речиси 800 000 луѓе.

Ризикот за заболување од депресивно пореметување е поголем кај постарите лица и кај луѓето од т.н. трета животна доба.

Според податоците на СЗО депресијата ја има  5,1 проценти кај женската популација а 3,6 кај машката.
Кај постарите лица, бројките се зголемуваат, 7,5 проценти кај жените од третото доба страда од депресија, а 5,5 кај нивните врсниц, мажи.

 

СЗО препорачува дека вниманието не е довоно да се насочи само кај постарите лица, туку и кај високо ризичните групи, како што се бремените жени и жените кои се породиле, училишните деца.