Новозеландската премиерка, 37-годишната Јакинда Ардерн, станала апсолутна светска сензација по статијата и брилијантните фотографии објавени во “Vogue”.

Во секој случај, премиерката позирала пред една новозеландска плажа, во облека која ја направиле домашни креатори, а подобрите познавачи на популарното списание веднаш ја нарекле фотографијата “една од најдобрите во историјата”.
И новинарката која го водела разговорот со премиерката, потврдила дека се работи за една брилијантна личност.

“О да, верувајте ми, таа е вистинската работа!”, напишала на Твитер новинарката Амелиа Лестер, а пренесува Jutarnji List. Премиерката ја примила Лестер во нејзиниот скромен дом во Оукленд, наместо во премиерската палата во Велингтон. Вели дека подобро се чувствува дома…
“Во глобална смисла ние сме мали, но ќе дадеме се од себе да ги истуркаме своите идеи во кои веруваме”, рекла Ардерн.
The new Borgen looks really good! pic.twitter.com/gaI88gsVap
— Ryan Mearns (@ryanmearns) February 14, 2018
Новозеландската премиерка прв пат го привлекла светското внимание откако Доналд Трамп ја помешал со сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо. Можеби токму поради тоа убавата премиерка не сакала многу да зборува за американскиот претседател.

“Можеме да работиме и да соработуваме со сите”, рекла Ардерн.
Во разговорот за “Vogue”, Ардерн зборувала на многу теми, дури и приватни. За климатските промени рекла:
“Окружени сме со мали островски држави кои се во паника дека ќе исчезнат поради климатските промени. Мора да преземеме одговорност”.
Зборувала и за бременоста. Ардерн е во брак со ТВ водителот Кларк Гејфорд, со кого го очекува првото дете. Би требало да се породи во јуни.

“Да, се радуваме на тоа…Оваа година ни се случија многу работи, па на крај памет не ми доаѓаше дека ќе има уште повеќе работа. Но, очигледно ќе имам!”.