Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека комесарот на Европската унија за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос му потврдил дека наскоро ќе стасаат добри вести за визната либерализација за косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи на Фејсбук напиша дека граѓаните на Косово заслужуваат да им се овозможи слободно да се движат во Шенген зоната и дека „Косово заслужува да биде дел од мобилноста на Европа“.
– И комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос ми потврди дека Република Косово и нејзините граѓани со право очекуваат добри вести за либерализацијата на визите и дека тие вести нема да доцнат, напиша Тачи.