Истражните власти наскоро ќе објават конкретни податоци за убиството на Оливер Ивановиќ.
Ова го изјави косовскиот претседател Хашим Тачи на прес-конференцијата во Приштина. “Станува
збор за кривично мафијашките убиства, без јасни податоци за политички мотиви. Исклучува секаков
етнички мотив за ова злосторство. По ова прашање зборував и со претседателот на Србија,
Александар Вучиќ.
Белград изрази подготвеност да помогне на институциите ни при размената на информации околу атентатот на Иванович “, рече Хашим Тачи. Тој прецизира дека “институциите во Косово соработуваат со КФОР и ги користат сите можности за откривање на сторителите на ова кривично дело”.