Тачи ќе соработува со Курти за евро-алантските интеграции на Косово

од Vladimir Zorba

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека очекува од новиот мандатар за составување на владиниот кабинет во Приштина, наскоро да ја заврши својата работа.

Тачи за новинската агенција „Блумберг“ од Давос, каде присуствуваше на Светскиот економски форум, рече дека со Албин Курти ќе соработува на, како што наведе, „промовирање на напорите за влез на Косово во ЕУ и НАТО“.

Во понеделникот Тачи му даде на Курти, чие движење Самоопределување победи на предвремените избори на 6 октомври, 15 дена за формирање на нова влада.

Слични содржини