Тачи: Не треба да ѝ возвраќаме на Бугарија со ист речник, се солидализирам со Македонците

од Nikola Popovski

„Ова е тотално нефер однесување од Бугарија. Сметам дека е неочекувано, после проблемите и спорот со Грција“, вели претседателот на ДПА, Мендух Тачи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, потребно е да не возвраќаме со ист речник како што го прават тоа бугарските власти.

„Таков луксуз не ни треба. Сепак, се солидализирам со Македонците. Немаме друга алтернатива, оваа битка за идентитетот води преку НАТО и ЕУ. Доколку не ја добиеме битката, мислам дека следи асимилација на државата од Србија или Русија. Храброста е да направи компромис“, истакна Тачи, додавајќи дека после Грција, очекува спор со Србија поради автокефалноста на црквата.

Слични содржини