Претседателот на Косово, Хашим Тачи, побара да не бидат објавувани досиејата на Специјалниот суд, кои по трет пат се доставуваат до Организацијата на поранешни ветерани на ОВК, бидејќи истекувањето на класифицирани информации може да биде на штета на потенцијалните обвинети.
„Неодамнешните случувања во кои се тврди дека постои протекување на информации кои овие институции ги класифицираа се крајно загрижувачки бидејќи ја поткопуваат главната причина зошто овие институции одлучија да се преселат надвор од Косово. Доколку се открие дека доверливи информации што излегле во јавноста се автентични, очекувам властите да од овие институции да спроведат кривична истрага за овој настан и дека лицата одговорни за ова протекување на доверливи информации, кои и да се тие, ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Тачи.
Тој го критикуваше вклучувањето на Организацијата на ветерани на ОВК во целата приказна, бидејќи според него, тоа може да биде на штета на потенцијалните обвинети.
„Вклученоста на организациите што произлегуваат од војната на ОВК во ова прашање – со злоупотреба на односот на јавноста кон Специјализираните комори и Специјалното обвинителство – ризикува да го сврти вниманието од потребата да се испитаат одговорните за ова протекување на доверливи информации“, рече тој.