Тачи се врати од Хаг: Дочекан со зурли и знамиња на ОВК (видео)

од Nikola Popovski
183 прегледи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој беше сослушуван четири дена пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК во Хаг, вечерва пристигнал во Косово, каде бил дочекан со зурли и тапани и пречекан од граѓаните кои извикувале „ОВК, ОВК“ и носеле знамиња на таа терористичка организација.

Организацијата на воените ветерани на ОВК и граѓаните го пречекале Тачи на преминот Врбница, каде што дошол од Албанија, пренесуваат регионалните медиуми.

Тој претходно слетал во Тирана со авион што го донел од Хаг.

Претходно денес, Тачи најави дека утре ќе се обрати пред јавноста во врска со сослушувањето во Хаг, објави „Косово Онлајн“.

https://www.facebook.com/HashimThaciOfficial/posts/4043218255748503

„Само што слетав во Тирана од Хаг и ќе пристигнам на Косово во вечерните часови. Утре во 20 часот, ќе се обратам пред јавноста за последните четири дена во Хаг. Ви посакувам убав викенд. Ве уверувам дека никој не може да ја прекројува нашата историја “, напишал Тачи во објавата на Фејсбук.

Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да донесе одлука за потврда, објави Специјалното обвинителство кон крајот на јуни.

https://www.facebook.com/IndeksonlineOfficial/videos/605642220384049/

Според изјавата на обвинителот, Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други осомничени во обвинението се товарат за скоро 100 убиства на Косово.