Тачи за дијалогот Приштина – Белград: Улогата на ЕУ е важна, но улогата на САД е незаменлива

од Vladimir Zorba

Косовскиот претседател Хашим Тачи во Брисел вечерва изјави дека секој што ќе биде назначен за претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, мора „да го третира Косово како суверена држава“.

Тачи по состанокот на лидерите на ЕУ и лидерите на Западен Балкан рече дека е важна улогата на Европската унија во решавањето на косовското прашање и дијалогот со Белград, но улогата на Америка е незаменлива.

Тој рече дека на состанокот ЕУ и Западен Балкан се разговарало и за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово, со изгледите за постигнување на конечен договор.

Тачи потврди дека е подигната темата за назначување специјален пратеник и се надева дека назначувањето на нов пратеник нема да биде можност да се „најде нова работа за некое службено лице, бирократ или дипломат“.

На прашањето на новинарите како гледа на можноста за вклучување во дијалогот Белград-Приштина на претставник на ЕУ, од земја што не го признава Косово, Тачи рече дека независноста на Косово е реалност.

„Кој и да дојде, Косово е независна и суверена држава. Кој ќе биде назначен, треба да се однесува кон Косово како суверена држава, во спротивно нема да има смисла да се ангажира таа личност“, рече косовскиот претседател.

Тачи, исто така, сакаше да укаже дека американската страна во изминатите недели го постигнале она, што не можеше да се замисли во последните 20 години.

„Секако дека е важна улогата на ЕУ, но улогата на САД е незаменлива“, заклучи претседателот на Косово.

Слични содржини