„Тајмс“: Британската влада сака да испрати мигранти во Македонија и други балкански земји

од Nikola Popovski
2,8K прегледи

Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори во британската влада.

„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот, а пренесува српска „Политика“.

Изворите на весникот наведуваат дека Лондон планира за ова да разговара со претставници на Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. Како што истакнуваат изворите, исклучена е можноста за испраќање мигранти во Руанда, иако претходната британска влада размислувала да испрати илегални мигранти во таа африканска земја.

Британскиот премиер Кир Стармер е заинтересиран за соработка со други европски земји кои планираат да отворат миграциски центри во трети земји, пишува „Тајмс“.

Лондон има намера да им плати на земјите што ги примаат за секој поединечен мигрант, пренесуваат медиумите.

Слични содржини