Сите ги знаеме нивните имиња, но ретко кој знае од каде тие потекнуваат или пак што значат. Европските градови кријат интересни тајни во нивните имиња, кои ги кријат нивното потекло и историјата.

За името, Барселона треба да му биде благодарна на генералот Хамилкар, кој е син на многу попознатиот Ханибал. Хамилкар ја основал Барселона, а името на градот е добиено од неговото семејно презиме, Барса, што на пунски значи „молња“.
Приказната на секој град е различна, па многу често тие ги добиваат имињата од нивната историја и културата на народот кој живеел на таа територија. На пример, за името на Берлин постојат две теории. Едната вели дека градот го добил името од зборот „bär“, кој значи „мечка“ – животното кое е симбол на Берлин. Според другата теорија, името на градот доаѓа од словенскиот збор „berl“, кој значи „мочуриште“.
Романскиот град Букурешт го добил името по историскиот јунак Букур, кој според различните легенди бил принц, одметник, рибар, ловац, а можеби и сите овие работи одеднаш. На романски јазик, зборот „букурија“ значи „среќа“.
Британските градови имаат многу поразлични приказни за настанувањето на имињата во споредба со останатите градови од Стариот континент. Така на пример, градот Манчестер, кој порано се викал Мамучио, го добил името од поимот „Mameceastre“. Тоа е сложенка од зборовите „mamm“ што значи „дојка“ и староанглискиот збор „ceastre, chester“, што означува римски град. Исто како него, и Ливерпул го должи своето име на сложенка од два збора – староанглискиот „lifer“ што значи „дебела, згусната вода“ и „pool“ што значи базен.
Истанбул го добил името по турската верзија на грчката фраза „eis tan polin“ што всушност значи „во град“. Синтагмата е користена од следната причина: Константинопол во тој период бил далеку поголем од сите останати градови, па Грците го нарекувале едноставно Град, и оттаму „оделе во Град“.
Француската престолнина Париз во антички времиња се викала „Lutecia Parisorum“, а подоцна била преименувана во „Parisii“. Таму се наоѓала тврдината на галското население Паризи, кои од него направиле своја престолнина.
Сепак, најмистично останува името на градот Лондон. Според теориите, тој го должи името на фразата „Londonium“ што значи „место кое му припаѓа на човекот по име Лондинус“. Сепак, ова е само теорија и засега не постои друго објаснување за името на главниот град на Англија.