Нова книга ветува дека ќе го разоткрие тајниот свет на Силициумската долина, во која неверството и журките полни со дрога се сметаат за составен дел од работата во технолошката индустрија на најмоќните личности.

„Brotopia: Breaking Up the Boys Club of Silicon Valley“, е книга на авторката Емили Чанг, која се заканува дека ќе ја загрози репутацијата на многу технолошки титани.
Во книгата се споменуваат некои од најголемите иноватори во Google и Uber, кои успеале да ги поместат социјалните граници, токму како што тоа го направиле и со технолошките.
На журките присуствуваат „тони“ жени
Родна рамноправност во Силициумската долина не постои. Во компаниите се наоѓаат само 10 отсто жени, а резултати од истражување покажуваат дека голем дел од нив доживеале напад, но немале храброст тоа да го пријават. Како што пишува авторката Чанг, односот на жените кон богатите мажи е 2:1, па така мажите имаат поголем избор за бирање. Оргиите кои редовно се организираат во Силициумската долина се нарекуваат „Cuddle paddle“, а групниот секс меѓу хетеросексуалците е редовен дел од такви забави.
„На овие забави нема да видите мажи како се бакнуваат со други мажи, а покрај нови типови на дрога, овие приказни звучат како да станува збор за вилата на Playboy од 1972 година“, пишува во книгата.
Моќните мажи го користат минатото како оправдување
Додека моќните мажи повеќе не се мачат да пронајдат девојка, главно оправдување за ваквото однесување е тоа дека во тинејџерските години биле потполно исклучени од социјалната средина, односно тој период од животот го поминувале во соба зад компјутерите.
Еден женски претприемач од Сан Франциско во книгата на Ченг пренесува изјава за еден од овие мажи: „Ми вели дека и понатаму влегува во игра. Ја загубил невиноста дури на 25 години, а сега е 33. Во секој друг контекст тоа би било романтично, тие се всушност бесни бидејќи никој не сакал да има секс со нив во средно училиште. Еден од нив дури ми рече дека е среќен што се забавува со мене, но дека сака да има и девојки од страна. Тоа е задолжителен услов во врската со богатите личности“.
Под дејство на дроги се склопуваат бизниси
После вечерите со бизнис партнерите, на маса се вадат дроги кои помагаат „непознатите лица да се претворат во блиски партнери“. МДМА, односно екстази/моли е задолжителна дрога и се сервира во тацни, украсени со логото на компаниите.
И сопругите се добредојдени
Многу од извршните директори на компаниите се оженети и често ги доведуваат жените на овие журки. Тие веруваат дека оргиите не се тајни, ниту скандалозни, туку дел од „животен стил“, кој креира нова социјална парадигма, како што нивните изуми ги промениле нашите животи.
„Она што ваквите работи ги прави возможни е прогресивноста и отвореноста на мозокот, која ни дозволува да бидеме креативни со своите идеи“, изјавил еден од нив за авторката на книгата.
Зделките се договараат на журките
Фактот дека мажите носат одлуки на журките полни со секс и дроги, само ја потврдуваат родната нерамноправност во Силицумската долина. Една претприемачка која одбила да присуствува на таква забава ( за поканетите е задолжително да учествуваат во секс оргии под дејство на дрога), вели дека поради тоа била исклучена од понатамошните бизнис проекти.
„На журките се зборуваше за работа. Тие постојано работат и носат одлуки“, раскажува таа во книгата и додава дека својот бизнис го преселила во Њујорк, за што побргу да ја напушти Силициумската долина.