Тајните на Епстајн можеле да ги поништат изборите во САД?

од Stefanija Kuzmanovska

Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, навел дека Џефри имал такви запаливи информации за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што доколку биле ослободени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година.

„Еве директен цитат од Џефри: ‘Да го кажев она што го знаев за двајцата кандидати, ќе ги откажеа изборите’. Тоа ми го кажа Џефри во 2016 година“, изјавил Марк Епстајн за New York Post во средата, потсетувајќи се на разговорот кој го имал со својот брат за трката Трамп-Клинтон за претседател во 2016 година.

Сепак, инвеститорот Марк (69) одбил да даде повеќе детали, велејќи дека неговиот брат никогаш не му открил што знаел за кандидатите во тоа време.

И двајцата кандидати се движеле во кругот на Епстајн, директно или индиректно, додава њујоршкиот весник.

Трамп летал со приватниот авион на Епстајн седум пати во 1990-тите, патувајќи од Палм Бич, Флорида до Њујорк.

Не е познато дали Хилари се дружела со Епстајн, но нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, бил пријател со Епстајн од 1993 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Џефри Епстајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во 2019 година.

Слични содржини