Тајните зборови на Глигоров: “Ние сме Словени, ние немаме никаква врска со Александар!” (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Врз основа на тие зборовите на поранешниот претседател Киро Глигоров,  Грција ги гради  своите тврдења за името Скопје, Македонија, Горна ,Северна…

 

Во време кога и во 21 век се водат спорови за и против македонскиот идентитет, е добро да го видиме  и оваа  кажување на некогашниот претседател на Македонија Киро Глигоров, направена на 6 март 1992 година, каде што  тој објаснува кои сме и какви сме, пишува “Вечер “. Глигоров им рече на грчките новинари: “Ние сме Словени, дојдовме на овие земји во VI век и немаме врска со цивилизацијата Александрова!”

https://youtu.be/9opi-M9E37A

 

Три години подоцна Македонија ќе си го смени националното знаме од сонцето од Вергина, со новоформираниот  дизајн на Мирослав Грчев, како и името на државата Македонија со “привремената “кратенката ФИРОМ.

Грција често ги користи овие зборови на Глигоров како аргумент за своите барања во однос на уставното име, , особено политиките на Никола Груевски кој буквално се фати токму за спротивното за големата александрова  Македонија.  Тоа се двете крајности кои назад ја влечат Македонија,но останува  и дилемата ,а зошто овој запис повторно е  актуелен.