Талески: Мицкоски ја понижи сопствената земја, на Конгрес на ЕПП претставена со кратенка од регистерска табличка

од Vladimir Zorba

„Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ станаа синоним за блокади, деструкции, бојкоти, прават се за да не оди земјата напред, да не стане дел од ЕУ. Режираат насилни протести со нивниот антиевропски парнтер Левица, создаваат етнички тензии и ги лажат граѓаните. Тоа е истиот Христијан Мицкоски кој пред помалку од два месеци ја понижи државата на Конгрес на Европските народни парии со прифаќање на срамна Резолуција на ЕПП со бугарски ставови“, вели денеска на прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„На овој Конгрес, не само што Мицкоски ја прифати срамната Резолуција туку погледнете, дозволи нашата земја па и тој самиот да биде претставена со кратенка од регистерска табличка НМК. Официјална меѓународна кратенка на нашата земја е МК односно МКД.

Епа чија земја претствуваше Мицкоски? Или беше претставен со неговата регистерка табличка? Зошто Мицкоски не се побудни, не реагира, не прати допис, зошто не ги повика да го променат ова?“, прашува Талески.

Слични содржини