Талески: Оваа година офцијално започнува изградбата на гасовод помеѓу С.Македонија и Грција

од Берта Китинска

Со инвестиција од околу 60 милиони евра, се очекува оваа година да се реализира проектот со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ

-На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати.АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и веќе во првата половина од годинава ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава.Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати еколошки чиста енергија, вели Талески.

Тој вели дека во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е проценета на над 35 милиони евра.

-Оваа година офцијално започнува изградбата на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, изјави Талески.

Слични содржини