Талески: Поради Груевски граѓаните загубија 11 години

од Vladimir Zorba

-Се што беше потребно од реформите оваа Влада го испорача. Тоа е признанено и потврдено од сите и јасно стои во Извештаите. Сега тоа што се случува во ЕУ, намалениот апетит за проширување е внатрешен проблем на Унијата. Ние сега сме во оваа ситуација затоа што граѓаните и државата загубија 11 години поради ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. – рече Дане Талески национален координатор за НАТО вечерва во „Топ тема“ на Телма ТВ.

-Во една ситуација на државата, раскарана со сите соседи, окарактеризирана како заробена држава, излегувајќи од еден авторитарен режим коишто успеа комплетно да ги разруши сите безбедносни институции и да ги стави под контрола неколку луѓе за политички инструментализација. Значи, при едни такви услови за две години вие да направите таков квалитетен исчекор, да добивате квалификации од страна на Европските лидери дека сте пример коишто треба другите да го следат. Да успеете да го запишете македонскиот јазик , македонско државјанство за да ја комплетирате личната карта во ОН…членството во НАТО ни помага ние да ја зајакнеме нашата стабилност и безбедност, не само нашата домашна како држава, туку и во рамки на регионот да имаме шанси да бидеме еден од темелите на безбедносната инфраструктура… – рече Талески.

Слични содржини