“Ќерката на Гул Ахмад”, “Мајката на Барлај”, “Жената на Таџ Мохамад” – во крајно конзервативниот Авганистан жената нема дури ниту име. Многу мажи побрзо би си ја отсекле раката отколку даја наречат жена си по име. Наместо тоа, тие ја викаат “мајко на децата” или едноставно “домакинко”. Сето друго е само незамисливо. Името на жената не се испишува дури на надгробен споменик.
А некој нема име, не остава и траги. Дури и кога една авганистанска жена ќе изврши нешто спектакуларно, последователно се споменува само името на мажот, на таткото или на нејзиниот син. И ловориките одат кај нив. Но, тоа има и друга страна. Кога една жена ќе направи нешто што во очите на општеството е срамота, тогаш оштетен е не само таа – повредено е и името на сите нејзини машки роднини. Како резултат на се тоа , за авганистанската жена повеќето врати кои водат кон надвор, се затворени. Поради стравот дека може да ги деградира мажите.
Сè во името на “машката чест”
Чест ( “намус”) на еден маж е директна функција од честа на жена му. Оваа традиција доаѓа уште од предислмските времиња и е позната и во други земји. Само оној човек кој успешно ја брани својата жена од надворешните закани, може да се смета за човек со достоинство и чест. Но ако не се справи со оваа задача, тогаш ја губи својата чест и веќе не може да се смета за вистински маж. А кој сака да ја врати загубената чест, тој е склон дури кон насилство: борба со камења, киселина во лицето, отсечени екстремитети, та дури до убиство – авганистанското општество ги толерира сите овие “санкции” против жените.
Жените се делат од мажите на јавни места во голем број култури. Во Авганистан сепак прават уште еден чекор: никој не смее да го знае името на жената, а камоли да го видинејзиното лице !
“Каде ми е името?”
Против оваа традиција протестираат авганистански жени со својата нова кампања на социјалните мрежи. Под хаштага #WhereIsMyName ( “Каде ми е името?”) го заштитуваат својот сопствен идентитет и го ставаат под прашање тоа длабоко вкоренето табу. “Фејсбук” и на “Твитер” веќе зпреплавија постови од Авганистанки, кои живеат како во земјата, така и надвор од неа. Кампањата ја поддржуваат уметници и политичари кои споделуваат свои фотографии и слики на своите жени. Повеќето жени не смеат да објавуваат свои фотографии, бидејќи им е страв од последиците.
Еден млад човек пишува: “Јас веќе сум возрасен човек, но до неодамна воопшто не го знаев името на мајка ми.”
Кампањата нафрла еден добро познат факт: никаде на друго место во светот жените не се угнетувани, како во Авганистан. Оваа земја, каде веќе со децении се водат граѓански војни, е најопасното место за една жена на земјината топка. Според некои проценки, над 60% од жените уште на 16-годишна возраст склучуваат принудни бракови. Никаде на друго место во светот бројот на самоубиства кај жените не е повисок од оној кај мажите – туку во Авганистан тоа е факт. Но, како ли да се решат овие ужасни проблеми откако жената нема право дури на име?
Пред 15 години НАТО влезе во Авганистан. Оттогаш досега меѓународната заедница даде милиони за промовирање на правата на жените. Срам и срам е дека и покрај тоа авганистанските жени и до денес се принудени да се борат за такво фундаментално право, што е правото на име и идентитет!
Женски права – да, само не дома!
Се разбира, и во Авганистан можете да најдете семејства кои не се верни на оваа традиција. Обично иако јавниот притисок е премногу силен. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани често се појавува на јавни места со жена, која е христијанка од Либан. Неговите претходници сепак никогаш не си дозволуваа такво нешто. Г-ѓа Гани дури учествуваше во предизборната кампања и држи и неколку говори во поддршка на нејзиниот сопруг. Многумина образовани и напредни Авганистанци одобруваат таков став, но и покрај тоа за ништо на светот не би ги извадиле жените на јавно место. Дури и кога јавно се делат свадбарски слики, на нив обично се гледа само младоженецот.
За многумина авганистански мажи современоста завршува таму каде што почнува личниот простор. Кога станува збор за правата на жените, лицемерието се шири насекаде. Кога е за правата на странските жени – поддржуваме! Кај мене дома, сепак – изборот е мој!
Во едена видеорепортажа западни новинари интервјуираат на улицата млади мажи, кои ја поддржуваат кампањата на жените. Кога сепак треба да одговорат на прашањето како се викаат жените во нивните семејства, интервјуираните видливо се колебаат и се чувствуваат непријатно. На крајот го прават, но се гледа дека им е многу тешко и дека дел од имињата очигледно се измислени.
Стави крај на лицемерието!
Се прашувам: колку пари се вгнездени од меѓународната заедница во проекти за промена на менталитетот на авганистанските мажи? Зашто, ако некој навистина сака да ги подобри правата на жените во Авганистан, мора прво да зја убие хипокризијата на мажите. И дури кога еден авганистански маж гордо објавува во “Фејсбук” свадбената фотографија заедно со жена си, тогаш ќе му поверувам дека се интересира за правата на жените. А прекрасно би било и ако под сликата напише дека е горд да биде сопруг на Гул Мина …
DW