Овие фармерки може да го понесат епитетот најбизарна облека.

На неодамна одржаната недела на модата во Токио, младиот јапонски дизајнер Тибо ја претстави својата прва колекција.

Меѓу одличните креации облека инспирирани од урбаното живеење на младите, креаторот покажа и необични фармерки кои предизвикаа чудење.
Се работи за џинс со искинати ногавици, но ги задржал препознатиливите гајки за ремен и џеповите. А назад… таму е голо.
Дизајнерот ги креирал танга фармерките кои во потполност го разголуваат задникот и нозете.
Додека многумина се прашуваа која е поентата на ова парче облека, сигурно во Холивуд едвај чекаат да ги купат.