Иако веќе подолго време го најавува своето повлекување по десетиот филм, Квентин Тарантино во интервју во во Сан Диего и официјално го потврди тоа.
Говорејќи за своите почетоци и околу својата режисерска и сценаристичка кариера, Тарантино истакна дека создавањето проект од ништо му причинува неверојатно задоволство.
– Доживувам неверојатно задоволство кога ќе се присетам дека само две години претходно, колку што и вообичаено трае работата на еден филм, седев и гледав во празен лист, рече Тарантино.
Тој досега напиша и режираше осум филмови. Иако крајот на неговата кариера е се поблиску, тој се надева дека ќе остане запаметен за идните генерации.
Во таа прилика тој го најави и неговиот следен можен проект – гангстерски филм сместен во 30-те години на минатиот век во Австралија. Инаку, неговиот последен филм „Омразените осуммина“ беше номинираниот за „Оскар“