Тарантино остро: „Нека ми го по*ушат сите освен ќерката на Брус Ли!“

од Vladimir Zorba

Голем дел од критичарите и гледачите не го прифатија портретирањето на Брус Ли во филмот „Си беше еднаш … во Холивуд“ во 2019 година, во режија на Квентин Тарантино (58). Најчеста критика беше дека целиот лик на Ли беше расистичка карикатура. Ќерката на Ли, Шенон Ли (52), која е единствено живо дете, рече дека Тарантино го претставил нејзиниот татко како „арогантен шупак“.

Во интервју со водителот и комичар Џо Роган (53), во интервју за подкастот на Роган, Тарантино, меѓу другото, ги коментираше критиките.

– Можам да разберам дека неговата ќерка има проблем со тоа, тоа е нејзиниот еб*н татко. Но, сите други? Можат да ми го по*ушат – рече режисерот.

Потоа објасни дека е очигледно дека ликот на каскадерот Клиф Бут, кој го игра Бред Пит (57), го измамил ликот на Брус Ли и дека сè е дополнително разјаснето во книгата базирана на филмот, која излезе неделава.

– Тој се бореше во Втората светска војна. Доколку Клиф се бореше со Ли во Медисон Сквер Гарден во арената, тој немаше да има шанси. Но, како убиец кој убивал луѓе во џунгла, тој ќе го убиеше – објасни Тарантино, пред тој и Роган да разговараат на други теми.

Слични содржини