Таравари може да биде прифатлив кандидат за претседател за сите граѓани, порачува Касами

од Nikola Popovski

Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, оценува дека е дојдено време Македонија да има претседател Албанец. Тој во интервју за весникот „Лајм“, вели дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на АА и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

-Многу искрено разговаравме со Арбен за тоа тој да биде кандидат за претседател. Ја знаеме неговата загриженост за овие случувања што се очекуваа во рамките на Алијансата. Сметам дека ова треба да заврши, а не да продолжи на нивоа на закани и уцени. Посакувам секој да тргне по својот пат, ако смета дека е продолжение на Алијансата нека си го продолжи патот, нека го бара гласот на гласачите кон кои ќе се обрати. Во таа насока, посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијансата и силно верувам дека Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку и кандидат за кој верувам дека би било прифатлив за сите граѓани на С. Македонија, кажал Касами во интервјуто.

Тој верува дека земјава е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како што вели, „симболите што ДУИ ги понуди за овие 20 години владеење, што кулминираше со оваа техничка влада каде што имаме премиер Албанец, половина влада Албанци, а Албанците се подискриминирани од кога било“.

Слични содржини