Таравари се оградува од „Отворен Балкан“ откако Албанија излезе

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари го повтори ставот на неговата партијата во однос на иницијативата „Отворен Балкан“. Како што објави Таравари, Алијанса се оградува од секој нов проект, во рамките на оваа иницијатива.

-Со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам стана бесмислен и нелегитимен. Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана, објави Таравари.

Ова следува откако од вчера е достапен еден ТАГ уред со кои граѓаните ќе може да ги поминуваат патарините во Македонија и Србија, што е дел од рамките на „Отворен Балкан“.

Албанскиот премиер Еди Рама од Скопје пред неколку дена порача дека не носи вест за смртта на иницијативата Отворен Балкан, но таа треба да се тргне малку настрана, со цел нов фокус на Берлинскиот процес. За македонскиот премиер Димитар Ковачевски „Отворен Балкан“ е жив и не е во спротивност со Берлинскиот процес.

Слични содржини