Тасева: Постои договор помеѓу партиите и политичарите да не биде избран Државен ревизор

од Viktor Jovanov

Неодговорно е од Собранието и пратениците да остават веќе 2 години да нема државен ревизор. Претходно имавме период од 9 месеци без антикорупциска емисија. Имаме преку 30 извештаи од ревизорите кои не можат да бидат објавени, како да има намера да не се овозможи овие тела да си ја остваруваат својата функција. Владата се остави без надзор, а тоа треба да излезе од Собранието. Тука имаме преќутен договор да се остави ситуацијата како што е сега, вели Слаѓана Тасева од невладината Транспаренси интернејшнл.

Тасева вели дека невладините организации кои работат на ова поле побарале од претседателот и пратениците да ја отпочнат и завршат постапката за избор и именување на првите луѓе на клучните тела од Државниот завод за ревизија, Агенција за пристап до јавни информации, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за радиодифузија.

-Ова треба да преасне во пошироко барање за одговорност бидејќи целосно ослабна системот за било каков надзор и контрола. Посебно се зајакнува пактот меѓу политичарите пред избори. Агенцијата има не сериозен мониторинг во работата на медиумите во изборите, исто и Македонската радио телевизија. Ова е премногу сериозна работа да дозволиме туку така да помине без да се инсистира да се најде одговор и решение на ова барање, вели Тасева.

Првиот човек на Транспаренси инт. вели дека причината која политичарите ја кажуваат за неименувањето на првите луѓе на овие важни институции е тоа дека не можат да се договорат. Тасева го напомена примерот со Антикорупциската комисија без која државата беше цели 9 месеци.

-Причината која ја кажуваат е дека не можат да се договорат, тоа пред избори уште покомплицирано станува кој да седне на столчето. Недоволно се прави притисок од медиумите, невладиниот сектор и граѓаните да се напра овие институции непрекинато да функционираат. Истото го направија и со антикорупциска под изговор дека ќе се чека новиот закон. Тоа не смее да биде така, институцијата мора да функционира, вели Тасева.

Слични содржини