Почетна / Македонија / „Татко ми го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“, вели 19-годишниот Брњарчевски

„Татко ми го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“, вели 19-годишниот Брњарчевски

Христијан Брњарчевски (19) преку трансплантација на Клиниката за нефрологија доби нов бубрег, кој бил дониран од неговиот татко.

Министерот за здравство, Венко Филипче сподели дека по трансплантацијата Христијан е во добра состојба.

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу подобро. Повеќе не одам на дијализа, а повеќе време имам за другарите и семејството. Задоволен сум од целиот третман на лекарите кои се грижеа за мене. Пред две години трчав на маратонот во Охрид. Наредната година повторно ќе се пријавам затоа што знам дека можам! Имам повеќе сила и мотивиран сум“, вели деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски од Скопје, кој боледува од ретката болест „Алпорт“ синдром.

Министерот додава дека за три години, на Клиниката за нефрологија изведени се 55 трансплантации на бубрези, а пациентите имаат нова шанса за квалитетен живот.

loading...