„Татко ми не дише“: Осумгодишно дете се јавило на 112 по тешка сообраќајна несреќа

од Stefanija Kuzmanovska

Тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Дреново- Кавадарци откако автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот.

Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко.

„Гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише“, биле зборовите кое ги упатило детето на бројот 112 барајќи помош.

Благодарение на пожарникарите кои биле во постојана комуникација со детето, возилото било пронајдено брзо, а двајцата со тешки повреди од Општата Болница Кавадарци се пренноесени во Скопје.

„Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите, успеал да се јави и да побара помош. Се молиме за нив“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини