Таткото на Боки 13 призна вина за нападот на свештеникот Стојчев

од Ивана Рамаданова
386 прегледи

Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски, денеска во Кривичниот суд во целост призна дека на Божик во 2017 го тепал неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.

Според обвинителниот акт, настанот се случил во дворот на оштетениот. Причина за инцидентот било погрешно паркирано возило од страна на Бојан Јовановски. Кога попот Стојчев почнал да свири за да му даде до знаење на возачот да го препаркира возилото, од својот дом излегол Бојан Јовановски и го препаркирал возилото.

Овинителката во завршните зборови побара Јовановски да биде казнет според законот.

Адвокатката на обвинетиот Јовановски на рочиштето истакна дека Стојчев имал допринос кон инцидентот оти претходно го навредил синот на Јовановски. Таа истакна дека Јовановски е невработен, во лоша здравствена состојба, а првпат е во судир со законот.

Пресудата треба да биде донесена на 18 ноември 2019 година.

Слични содржини