Таткото на Дуа Липа и договорил настап во Катар, без таа да знае за тоа

од Vladimir Zorba

Пејачката Дуа Липа (27) минатиот месец изјави дека одбила да настапи на отворањето на овогодинешното Светско првенство. Сега стана познато како нејзиниот татко Дукаѓин Липа се договорил со Катарците за концертот на неговата ќерка во Катар.

Наводно Дуа не знаела ништо за тоа, а веќе две години тајно подготвувал аранжмани за неговата ќерка да настапи во Доха.

Дејли Мејл откри мејлови кои нејзиниот татко и менаџер ги разменувале со Катарците и дека тој прв стапил во контакт со организаторите. Тој ги контактирал за прв пат на 9 март 2020 година и напишал:

– Ја претставувам мојата ќерка, уметницата Дуа Липа, и сакам да разговарам со Врховниот комитет за плановите околу настапот на уметникот на Светското првенство во Катар во 2022 година.

– Само би сакал да се надоврзам на претходниот мејл. Се прашував дали можеме да создадеме некаква можност каде што би можеле да бидеме од помош. Неодамна во живо ги пренесувавме песните од новиот албум на Дуа, на кој учествуваа други изведувачи, а кој го гледаа пет милиони луѓе. Тоа беше најголемиот настан во живо во светот – напишал тој во друг мејл, кој го испратил една година подоцна.

Набргу по втората порака, Дукаѓин се загрижил за преговорите и напишал:

– Добив конкретно барање за Дуа Липа и за свеченото отворање, па сакав да се договорам со вас.

Иако долго време договарал голем настап на својата миленичка, Дуа на крајот одбила да настапи на отворањето бидејќи според неа Светското првенство се противи на нејзините убедувања.

Слични содржини