Таткото на Меган лут: Кралското семејство стана ефтино ради неа

387 прегледи

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, ја обвини својата ќерка дека го „поефтинила“ кралското семејство во дел од интервјуто објавено еден ден откако Бакингемската палата соопшти дека Хари и неговата сопруга нема да се веќе дел од монархијата.

Томас Маркл, кој не зборува со својата ќерка, за Каналот 5 рекол дека Меган го отфрла „сонот на секоја девојка“.

„Тоа е разочарувачко бидејќи навистина го оствари сонот на секоја девојка. Секоја млада девојка сака да стане принцеза и таа тоа го доби и сега го одбива, а се чини дека тоа го прави за пари“, рекол Маркл.

Интервјуто е снимено по најавата на парот дека ќе отстапи од кралското семејство, а Канал 5 го објави во недела и извести дека ќе се објавува во наредните недели.

Томас Маркл го опишал кралското семејство како „едно од најголемите најдоговечни инсистуции“ и додал дека кога Меган се венчала за Хари, презеле обврска дека ќе „бидат дел од кралското семејство и дека ќе го претставуваат“.

„Тие го уништуваат и пефтинунваат и го оцрнуваат… го претвораат во Волмарт со круна. Тоа е смешно, не би требало да го прават тоа“, рекол Маркл, додавајќи дека не очекува дека Меган ќе му се јави или ќе стапи во контакт со него.

Слични содржини