Таткото на Тот се појави во судница: Син ми ја обожаваше Македонија, за нас животот застана

од Nikola Popovski

Денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот кој до смрт беше претепан пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје.

На судењето за неговото убиство обвинети се Анџело Георгиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (22), кои претходно изјавија дека не се чувствуваат за виновни.

Како сведок беше сослушан неговиот татко Игор Тот, кој изјави дека „нивниот живот целосно застанал по убиството“.

Таткото: Денис ја обожаваше Македонија

„Да беше сѐ во ред денес, денеска би играл на натпреварот Бутел – Вардар. Мојата сопруга не работи, јас работам со намален интензитет“, изјавил Игор Тот, додавајќи дека постојанот го посетуваат гробот на нивниот син.

„Повеќе сме на доктор и лекови. Јас и мојата сопруга, како и неговиот брат кој игра во Холандија, едвај функционираме. Не ни е лесно, очекуваме да се дознае вистината, да видиме што се случило и како. Да видиме дали обвинетите се виновни и доколку се, да добијат соодветна казна“, рекол таткото на починатиот ракометар.

Обвинетите не се сметаат за виновни

Претходно, обвинетите и нивните адвокати дадоа воведни зборови. Тие кажаа дека никој од нив не сакал да се случи тоа што се случи, а нивните адвокати настапија со теза дека овој кривично-правен настан не може да се квалификува како убиство бидејќи не постоела умисла.

Да потсетиме, тројцата обвинети заедно со Тот го напуштиле ноќниот клуб и кога почнала расправијата влегле во такси. Тогаш Костовски излегол и го извлекол Тото од автомобилот. Почнале да го удираат и не застанале ниту кога паднал. Ракометарот се здобил со сериозни повреди на главата и телото, поради што завршил во кома, а потоа починал.

Слични содржини