Тејлор Свифт го освои четврто „Греми“ за албум на годината

од Radmila Tasevska

Тејлор Свифт ја освои „Греми“ наградата за албум на годината, со нејзиниот „Midnights“ од 2022 година, со што стана изведувачка со најмногу одличја во таа категорија. Ова нејзе ѝ е четврто „Греми“ за албум на годината.

– Би сакала да кажам дека ова е најдобриот миг во мојот живот, но се чувствувам среќна кога создавам песна. За мене вистинската награда е трудот. Сѐ што сакам е да можам да продолжам да го правам ова што го работам. Тоа ме прави многу среќна, изјави Свифт по добивањето на признанието.

Поп-пејачкката притоа објави дека во април ќе го издаде и својот 11. албум, насловен „The Tortured Poets Department“.

Оваа година таа имаше шест номинации за престижната награда Греми: За албум на годината, песна, снимка на годината, соло поп-изведба, поп-дует или групна изведба и поп-вокален албум.

За песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“ во изведба на Били Ајлиш, а пак, Мајли Сајрус доби „Греми“ за снимка на годината, за песната „Flowers“. Ар-ен-би и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобра нова изведувачка. „Греми“ наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичари, продуценти и други лица членови во американската Национална академија за музички науки и уметности.  си/ми/

Слични содржини