26-годишната пејачка Тејлор Свифт, која соработува со производителот на облека “Heritage66”, стана ѕвезда за време на модната недела во Хонг Конг.4604886

Иако не присуствуваше лично на настанот, ѕвездата беше почестена со специјално модно дефиле со нејзини модели. Манекенките парадираа по модната писта со облеката на Свифт под звуците на сопствените блокбастер парчиња како “Bad Blood” и “Shake It Off”.

Презентираната колекција вклучува модели од есенската и пролетната линија на пејачката. На подиумот минаа девојки со откроени маици, фитинг мини фустани и тесни панталони со иницијалите на пејачката.

Партнерството на Свифт со производителите на облека од Тенеси започна минатата година. Компанијата “Heritage66” почна да ја продава облеката во неколку онлајн платформи, вклучувајќи “Алибаба”.

Слични содржини