Тејлор Свифт за караницата со Канје Вест: „Ким Кардашијан монтираше телефонски разговор, ме турна психички“

од Stefanija Kuzmanovska

Тејлор Свифт, американска кантавторка која магазинот „Тајм“ ја избра за личност на годината, се осврна на една од најголемите караници во историјата на шоу-бизнисот – телефонскиот разговор меѓу неа и Канје Вест, кој според Тејлор, Ким Кардашијан незаконски го снимила, го монтирала и потоа го објавила за да ја направи „лажга“.

„Имате криминално дело, во нелегално снимен телефонски разговор, кој Ким Кардашијан го монтираше, а потоа на сите им кажа дека сум лажга. Тоа психички ме турна на место каде што никогаш порано не сум била. Се преселив во странска земја. Една година не излегов од дома. Се плашев од телефонски повици. Ги оттурнав повеќето луѓе во мојот живот бидејќи повеќе не верував никому. Паднав на земја и ја удрив главата на подот, навистина, навистина силно“, изјави Тејлор Свифт за „Тајмс“, мислејќи на 2016 година кога беше објавен разговорот.

Во тоа време, Канје Вест, тогашен сопруг на Ким Кардашијан, ја повикал Тејлор да се смират. Тие двајца беа скарани од 2009 година, кога Канје излезе на сцената, ѝ го грабна микрофонот на Тејлор Свифт на доделувањето на MTV VMA, а потоа рече дека „Бијонсе повеќе ја заслужува наградата од неа“.

Во телефонскиот разговор, Ким и Канје тврделе дека добиле потврда да направат песна за Тејлор, во која Канје, инаку, ја нарече „кучка“.

Тејлор рече дека никогаш не дала дозвола „да преземе признание и заслуга за нејзината кариера“.

Поради повикот кој беше објавен, маси луѓе се свртеа против Тејлор Свифт, а обожавателите на Ким и Канје потоа започнаа вирален хаштаг на Твитер, нарекувајќи ја змија и лажга.

Една година подоцна, Тејлор го издаде албумот Reputation во кој неколкупати се осврна на нивните расправи.

Слични содржини