Тел Авив во боите на либанското знаме: Со децении се лути непријатели, но покажаа солидарност со страдањето на граѓаните на Бејрут

од Aleksandar Petrovski

Либанското знаме заблеска на градското собрание во Тел Авив, на плоштадот Јицак Рабин, во ретка демонстрација на солидарност со Бејрут, која беше погодена од разорна експлозија.

Ројтерс известува дека знамето е истакнато и покрај тоа што Израел со децении технички е во војна со Либан, иако смета дека најголемиот непријател на Израел е Хезболах, муслиманска шиитска вооружена група, поддржана од Иран.

Сепак, градоначалникот на Тел Авив Рон Хулдај рече дека „хуманоста е пред секој конфликт“.

Така, Тел Авив им се придружи на градовите, кои на сличен начин изразија солидарност со Либанците, кои веќе оплакуваат 115 жртви, а бројот на жртвите постојано расте.

Така, и кулите во Кувајт блескаа во боите на либиското знаме.

Меѓу првите што се појавија по катастрофалната експлозија беа фотографиите на пирамидите во Гиза како солидарност на Египет со Либан.

Ноќта по експлозијата, славниот Бурџ Калифа во Дубаи заблеска за поддршка на народот од Либан.

Слични содржини