Тело на 4-годишно девојче извлечено од урнатините во Газа

од Vladimir Zorba

Спасувачите извлекле тело на четиригодишно девојче од урнатините на зграда во Газа. Тие изјавија за Ројтерс дека семејството на девојчето побегнало од источниот дел на населбата Кан Јунис во градот во потрага по безбедност.

„Се обидоа да побегнат од смртта, дојдоа да најдат засолниште. Тие се засолниле по скалите каде што можело да има безбедно место. Тие беа цел и убиени“, рече волонтерот Мохамад ал Наџар. Тој и другите со рачен алат копале низ урнатините на зградата за да не ги повредат преживеаните.

Израел денеска го нападна Појасот Газа со најжестоките воздушни напади во 75-годишниот конфликт со Палестинците. Министерството за здравство на Газа соопшти дека најмалку 770 луѓе се убиени, а повеќе од 4.000 се ранети во израелските одмазднички напади.

Во меѓувреме, близу илјада Израелци беа убиени во нападите извршени од Хамас.

Слични содржини