Тело на момче (4) пронајдено во кутија за играчки: Трагичен крај на потрага во Јута

од Stefanija Kuzmanovska

Кеш Волис (4) од Јута беше пронајден мртов повеќе од 12 часа откако беше пријавено неговото исчезнување. Телото на детето било пронајдено во кутија за играчки.

Исчезнувањето на момчето било пријавено на 25 јули, утрото откако баба му го заспала. Полицијата и локалното население започнаа обемна потрага по момчето, кое носело пижами со мотив на Нинџа желки. Сите неуморно го пребарувале соседството, не сомневајќи се дека детето е  во куќата.

Полицијата се вратила во неделата вечерта за уште еднаш детално да ја пребара куќата, кога било пронајдено телото на момче без знаци на живот. Обдукцијата покажа дека детето починало како последица од задушување.

Според полицијата, исчезнувањето на момчето било пријавено во неделата рано наутро, откако членовите на семејството не го нашле во кревет.

Семејството веднаш ги пребарало сите соби во куќата, а потоа ги известило властите. И полицијата најпрво ја пребарала куќата пред да тргне на терен. По неуспешен целодневен претрес, полициските службеници се вратиле во куќата и решиле да пребараат сè уште еднаш. Кога го отвориле капакот на кутијата за играчки, наишле на шокантна глетка. Момчето лежело свиткано без знаци на живот.

Не е познато како настанала трагедијата, но полицијата ја отфрлила можноста дека станува збор за криминално дело. Се претпоставува дека детето сакало да земе играчка кога капакот паднал над него и го заробил во кутијата.

Слични содржини