Телохранител застана пред куршум и спаси жена (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Благoдарение на брзата реакција, мексикански телохранител успеа да го спаси животот на една жена.

Kамерите пред хотелот „Санта Фе“ во Мексико Сити снимија доставувач на пица како на мотор му се приближува на црн џип од кој телохранителот извлекува багаж. Уште тогаш забележува дека нешто не е во ред.

Жената во тој момент ја отвора вратата од џипот, а телохранителот брзо ја заштити со своето тело. Кога го видела човекот на мотор, веднаш почнала да бега кон хотелот. И напаѓачот и телохранителот почнаа да пукаат, но лажниот доставувач се уплашил и побегнал.

„Одличен телохранител, многу добро обучен. Секогаш внимателен и го заштитил клиентот со своето тело“, вели еден корисник на социјалните мрежи.

Не е познато зошто жената била мета на нападот, но ваквите појави не се реткост во Мексико каде што криминалот е во огромен подем.

 

https://www.youtube.com/watch?v=pTag4q4TgUk&feature=emb_title

Слични содржини