Темата „Косово“ го диктира победникот на изборите во Србија: „Моментот му одговара на Вучиќ, засега ЕУ ќе се држи до него“

од Nikola Popovski
634 прегледи

Најавените избори во Србија ќе бидат петти парламентарни избори од 2012 година, кога на власт дојде „Српската напредна странка“ на актуелниот претседател на Србија и поранешен лидер на партијата, Александар Вучиќ. По четврти пат се оди на избори пред истекот на мандатот на Владата и на Собранието, односно вонредни. Ако се вратиме девет години наназад, на изборите во 2014 година, кои се одржаа неполни две години по редовните, власта тогаш сакаше да ја провери „волјата на народот“. Истражувањата покажаа дека политичката моќ на СНС е голема и дека ваквата состојба не се одразува со нивното присуство во институциите, како што смета дел од тамошната јавност. Дел од српските медиуми објавија дела наводно сакале политички легитимитет, но всушност повеќе мандати. Така испадна дека заедно со коалиционите партнери добиле двотретинско мнозинство.

Дел од познавачите на српската политичка сцена во разговор за „Локално“ велат дека изборите не само што ќе бидат протоколарни, туку и ќе се зголеми победата на ниво на Србија, во однос на сегашниот распоред и „десницата“ ќе се зголеми. Петар Милетиќ од Српска Напредна Странка во Македонија и советник во Советот на Град Скопје за „Локално“ вели проевропската опозиција во Србија нема да освои ниту еден мандат.

Петар Милетиќ

-Не верувам дека ќе се кршат копјата во предизборните случувања за Косово бидејќи во српскиот народ има консензус за тоа прашање, каде што ниту еден Србин не би поддржал такви случувања и признавање на Косово. Не познавам таков некој во Србија кој што би ставил потпис на такво нешто, спротивно на Уставот, посочува Милетиќ и истакнува дека Вучиќ нема никогаш да потпише признавање и тоа јавно го кажал.

-Нема притисок што дејствува врз него за да го признае Косово – српскиот народ и Уставот тоа не го дозволува, оценува тој.

Опозицијата во Србија која се декларира како проевропска, а има само интерес за функција и доколку некогаш би освоиле власт, вели Милетиќ, дека доколку победи, тогаш би биле „сервилна власт како што е тука во Македонија“.

-Тогаш би можело во Србија да се случат промени по територијалното прашање. Сите се децидни дека Косово не смее да се признае и дека е територија на Србија, смета соговорникот.

Како што вели, за разлика од претходните избори, сега градот Белград е освестен и дека СНС и коалицијата ќе победи, но и десницата предводена од Бошко Обрадовиќ ќе освои добар дел на гласачите, што значи дека по национални прашања ќе имаат координација со СНС и останатите патриотски партии.

-Србија како и досега, ќе си води национална политика во свој корист. Спинувањата дека Србија стои на две столчиња не е точна – тоа е земја која работи во свој интерес и на народот. Некои кои се декларираат како проевропски партии и медиуми, спинуваат околу Вучиќ, а тој гледа за народот, заклучува Милетиќ.

Горан Илијевски

Лидерот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски, пак, за „Локално“ изјавува дека Александар Вучиќ ќе ги добие републичките избори со целата државна машинерија и со медиумите со национална концесија, кои целосно се контролирани. Според него, изборите му одговараат во овој момент бидејќи подоцна со можни санкции би бил во тешка состојба, а тие ке бидат неминовни и ќе ја уништат Србија.

-Вуциц и понатаму ќе владее со уништена, санкционирана држава, ама власт е власт, смета Илијевски.

Како што вели, ова се избори помегу назадна, изманипулирана маса на пензионери и неинформирана рурална Србија од една и Белград и интелектуална Србија од друга страна.

-За жал победата е за сега поради медиумското владеење од 70% на државните медиуми и сосема извесно на страна на СНС, дециден е соговорникот.

Сепак за разлика од Милетиќ, Илијевски оценува дека во Белград ќе биде неизвесно.

-По налог на СНС го сменија престојот во Белград за да гласаат. Во Белград народот е информиран, Србија протестира против насилството, покажува масовно незадоволство, но опозицијата нема лидер и не знаат да го артикулираат и фокусираат протестот, укажува тој.

Според него, Белград ќе биде условот на ситуацијата и ќе започне со колапс на целиот систем.

-Вучиќ ќе продолжи да владее со Србија, но без Белград. Засега ЕУ ќе се држи до Вучиќ, доколку во предизборната кампања не откажат нешто што битно би влијаело на исходот на изборите, посочува Илијевски и додава:

-Според српскиот устав, Косово не може да дозволи никој да го потпише разделувањето и признавањето како дел од територијата на Србија. Проблемот може да се реши со прогласување протекторат под ОН, но тоа не одговара на странците, бидејќи нема да имате влијание ако го решите проблемот. Ќе одржувате контролирана криза и тензии.

Н.П.

Слични содржини